Фич:На САД може да му биде намален кредитниот рејтинг

Агенцијата Фич предупреди дека неисполнување на обврските, може да го загрози совршениот кредитен рејтинг на САД „ААА“ ако Белата куќа и Конгресот во следните денови не постигнат договор за кревање или суспендирање на плафонот на задолжувањето.

Американското министерство за финансии во повеќе наврати предупреди дека би можело да има проблеми со покривањето на финансиските обврски веќе на почетокот на јуни.

Преговорите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и републиканците во Претставничкиот дом на Конгресот се во ќорсокак, а до истекот на рокот остануваат само седум дена. Од Фич порачуваат дека би можеле да го намалат рејтингот на САД ако на време на се крене плафонот на задолжувањето или не се суспендира.

„Фич сè уште очекува договорот за ограничувањето на долгот да биде постигнат пред „датумот Икс““, се наведува во извештајот на кредитната агенција. „Но, сметаме дека се засилени ризиците плафонот на задолжувањето да не биде подигнат или суспендиран пред „датумот Икс“ па владата да почне да пропушта подмирување на некои обврски“, се додава.

Во 2011 година, S&P го даде своето прво намалување на кредитниот рејтинг на САД, намалувајќи го својот рејтинг на АА+. Повеќе од една деценија подоцна, таа агенција сè уште не го вратила својот рејтинг.

error: Content is protected !!