Според Виенски институт планот за раст на ЕУ за Западен Балкан не ги решава клучните прашања 

Економски план на ЕУ за Западен Балкан на прв поглед изгледа ветувачки, но поблиската анализа открива дека нема суштина, дека не успева да ги реши клучните прашања и да ги исправи грешките од минатото, покажува новата студија на Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

-Планот за раст за Западен Балкан, претставен од Европската комисија во ноември, се заснова на четири столба кои се чини дека се токму она што им е потребно на Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Косово и Србија за да постигнат зголемени стапки на раст, економска конвергенција со ЕУ и социјалниот напредок, пренесува Бета.

Првиот столб ја поддржува економската интеграција во регионот, вториот е интеграцијата со ЕУ, третиот е насочен кон обезбедување дополнителна финансиска помош и четвртиот треба да ги забрза суштинските реформи неопходни за регионот да ги исполни стандардите на ЕУ.

Сепак, подетално разгледување на четирите столба открива дека тие во голема мера немаат суштина, не ги решаваат суштинските прашања во секоја област и не ги решаваат критичните недостатоци на претходните пакети за помош. Затоа, според ВииВ, четирите столба тешко дека ќе ги променат работите на Западен Балкан.

Како предност на Планот за раст, Виенскиот институт, покрај внесувањето нови елементи во дискусијата, со кои се потврдува потребата од променет пристап на ЕУ кон регионот, наведува дека точно ги препознава основните предизвици со кои се соочува Западен Балкан.

error: Content is protected !!