Јапонска компанија започна со изградба на фабрика во Србија вредна 382 милиони евра!
Во Србија поточно во Инџија започна да се гради јапонската фабрика за автомобилски гуми Тојо Тајерс, инвестиција вредна 382 милиони евра што е најголема јапонска инвестиција досега во Србијa.
Фабрика на Тојо Тајерс е единствена нивна фабрика во Европа и ќе биде центар за диструбуција на пневматици на европскиот и рускиот пазар.
Фабриката на Тојо Тајерс ќе вработи 537 работници чии плати ќе бидат над просечната плата во Србија. Изградбата на фабриката според најавите, ќе биде завршена до април 2022 година, а се планира годишно да произведува пет милиони Тојо гуми.
– Клиенти на нашата фабрика во Србија ќе бидат и Мицибуши, Фолсфаген и БМВ, изјави српскиот прeтседател Алекандар Вучиќ кој потсети дека Србија три и пол години се борела за оваа фабрика во жестока конкуренција со сите европски земји.
Се очекува извозот на Тојо Тајерс да биде 240 милиони евра на годишно ниво.
Србија на јапонскиот инвеститор претходно му поклони 63 хектари земјиште на која фабриката ќе биде изградена и државна помош за реализација на инвестицијата од 41 милион евра!
