Во тек се уписите за ученици на програмата за развој на таленти и емоционална интелигенција
Ве покануваме да сте дел од 5-та генерација на ученици (8-18 год.) во “Мали и Возрасни Генијалци” www.mvg.mk програмот за развој на таленти и емоционална интелигенција.
Од април 2017 до денес создаваме исклучителни личности кои ја инспирираат својата генерација со висок интегритет и генијални способности.
Во програмот МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ ја применуваме научно потврдената методологија на нашата ментор организација Six Seconds, во тренинзите користиме најнови истражувања од Универзитетите Харвард, МИТ, Стенфорд.
Правиме онлајн тестови и профилирање на младите со цел кариерно да ги насочиме во правилен избор на нивна кариера/студии. Користиме индивидуален коучинг и дијагностички алатки кои се интернационално акредитирани со златни стандарди во меѓународни институции.
Со нив ги мериме:
– емоционалната интелигенција,
– идентификуваме таленти и
– фактори кои влијаат на успехот на младите.
Преку нашите специјализирани тренинзи создаваме исклучителни личности кои ја инспирираат својата генерација со висок интегритет и генијални способности. Ви нудиме тренинзи за:
ℹ️ Емоционална интелигенција со Нела Јолеска (на македонски и англиски)
и Валентина Ванѓеловска (на албански),
ℹ️ Математика со Мевлудин Даути и Јилмаз Деликташ (на македонски,
албански и англиски),
ℹ️ Програмирање со Влатко Спасев,
ℹ️ Шах со Орце Данчевски,
ℹ️ Физика,
ℹ️ Хемија со Марина Стојановска и Владимир Петрушевски – Фили,
ℹ️ Графички дизајн со Матеј Костовски,
ℹ️ Модерен танц со Ивана Балабанова и БЕАТРИКС.
НАЧИН НА РАБОТА:
1 Фаза. Идентификуваме таленти и јакнеме внатрешни капацитети,
2 Фаза. Учиме преку искуство и развиваме “голема идеја”,
3 Фаза. Подготовки за редовна настава, натпревари и апликации за
стипендирани студии во странство.
ЗА НАШИТЕ ПОЧЕТОЦИ:
Програмот “МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ” во април 2017 година доби согласност за работа од Министерство за Oбразование и Наука на Република Македонија и Бирото за Образование на Возрасни и до септември 2020 едуцираше 120 талентирани ученици. Програмов е креиран од компанијата EQ Excellence кој како сертифициран нетворк лидер на Six Seconds се разви во стратешки тренинг центар за развој на емоционална интелигенција, таленти и кариерно насочување на млади и возрасни индивидуи.
EQ Excellence е единствена компанија во балканскиов регион која од 2013 година активно користи користи меѓународни сертифицирани тренинг програми и тестови од Six Seconds за развој на социо-емотивните вештини и таленти на деца и возрасни.

Сите заинтересирани можат да се пријават на mvg.mk.
