Според ДЗС просечната јануарска плата достигна 33.943 денари, а инфлацијата во јануари е 17,1%

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната месечна нето плата во јануари годинава изнесувала 33.943 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 13,2 проценти.

Зголемување се должи, пред сѐ, на повисоката просечна исплатена месечна нето-плата по вработен на годишно ниво во секторите Транспорт и складирање (23,4 проценти), Градежништво (20,9 проценти) и Информации и комуникации (17,3 проценти). реклама

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на декември 2022 година е забележано во секторите: Градежништво (5,1 проценти), Преработувачка индустрија (5 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти).

Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, според Државниот завод за статистика.

137 thoughts on “Според ДЗС просечната јануарска плата достигна 33.943 денари, а инфлацијата во јануари е 17,1%”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!