УЈП: Од 30 продавници на „Пластичарска“ дури 28 не издавале фискални сметки во јануари

Управата за јавни приходи на денешниот брифинг ги сублимираше заклучоците од контролите на продажните објекти на булевар Никола Карев, познат како „Пластичарска улица“ во текот на јануари и март годинава.

При контролата во месец јануари, од 30 проверени продажни места, УЈП констатирал дека дури кај 28 од нив не издавале фискални сметки, односно немале фискален апарат и не воделе книговодство.

Сликата нешто била подобрена при контролата во март, кога од проверени 37 продажен објект, кај 25 од нив биле констатирани неправилности на неуредно сметководство и неиздавање на фискални сметки.

– Во меѓувреме три продавници се поправиле во своето однесување, но генерално треба да се даде време и можност да се подобри работењето, информираат од УЈП на денешниот брифинг со медиумите.

error: Content is protected !!