Како Jack Ma ги налути Hermes и Louis Vuitton

Дали кинеските имитации денес се поквалитетни од оргиналните производи и имиња, како што мисли сопственикот на Alibaba, бидејќи се произведуваат во истите фабрики и се користат истите суровини?

Француските производители жестоко ја критикуваа изјавата на основачот на кинеската компанија за интернет трговија Alibaba, Jack Mа дека кинеските имитации честопати се поквалитетни од оргиналните производи.

Додека во Alibaba прават напори да ја уверат јавноста дека работат на сузбивање на имитациите, изјавата на Jack Mа ”не е во согласност со ефикасната соработка бидејќи наведува на погрешни заклучоци и дури и е клеветничка”, порачаа во четвртокот од здружението Unifab чии членови, меѓу останатите се, француските произведувачи на луксузна роба, LVHM, Kering и Hermes.

“Проблемот е во тоа што имитациите денес се поквалитетни и ценовно поповолни од оргиналните производи и имиња”, рече Jack Ma во вторникот за време на говорот на манифестацијата за инвеститори во градот Hangzhou.

“Се произведуваат во истите фабрики и се користат истите суровини, само без брендирано име”, додаде основачот на Alibaba.

Кинескиот интернет гигант минатите години се најде на удар на критика поради лежерниот однос спрема понудите на имитација на платформата Taobao. Се проценува дека Taobao има удел повеќе од 90% на кинескиот пазар на малите огласи додека платформата Tmall наводно прави повеќе од половина од малопродажните трансакции на интернет.

Брендираните произведувачи веќе долго време ја произведуваат својата роба во Кина поради ниските трошоци за произведување, а во меѓувреме растот на платформите за електронска трговија, како Alibaba, им даде шанса на анонимните произведувачи на интернет да ја продаваат својата роба директно на потрошувачите.

Првиот човек на францускот одбор за борба против крадење на интелектуална сопственост сенаторот Richard Yung, изјави дека” неодговорните изјави на Jack Мa, кои изгледа се провокација, ја оправдуваат суспензијата за членство на Alibaba во меѓународната коалиција за сузбивање на крадењето на интелектуалната сопственост (IACC)”.

Alibaba соработува со таа организација и во рамките на соработката отстранува во просек 10 000 понуди на имитација месечно на платформите Taobao и Tmall, покажуваат податоците од интернет страницата на IACC.

Од италијанското здружение за сузбивање на крадење на интелектуална сопственост Indicam, порачаа дека” изјавата во која се споредуваат и изедначуваат оргиналите и имитациите е дрска”.

Please follow and like us:
0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!