Кампусот на Apple вреден 5 милијарди долари речиси готов

Apple моментално е во процес на изградба на својот кампус кое своето овтварање треба да го доживее следната година. Видеото кое е објавено прикажува како моментално изгледа градилиштето, а за тоа е заслужен дронот. Ако внимателно се прегледа материјалот, може да се види како е направен значителен напредок во однос на февруари, март и април.

Обликот на кампусот е во форма на крофна и зградата однадвор е речиси готова. На кровот може да се видат соларни панели, се очекува стаклената структура да зафаќа повеќе од 1,23 милиони квадратни стапки.

Може да се видат и 11 000 места за паркирање во гаражата, а соларните панели кои ја покриваат гаражата би можеле да напојуваат 3000 домови. Без сомнение, се работи за кампус кои ќе биде најнапреден во светот.

Секако со ова Apple ја покажа својата моќ и демонстрираше каква моќ има во овој момент. Мораме да признаеме, кампусот импозантно изгледа и во вакво издание кога се уште не е завршен.

Погледајте го ова кратко но интересно видео.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!