Најнови измени на Законот за градежно земјиште

Сојуз на стопански комори на Македонија, во соработка со Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, организира обука за Законот за градежно земјиште – компарација на стариот и новиот Закон за градежно земјиште, со посебен осврт на новиот целосен електронски начин на водење на постапките за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, засновање на стварна службеност и пренесување на право на сопственост.

Со Законот за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште.

Целта на обуката е да се разработи новиот начин на водење на постапките предвидени во Законот, како и сите теми и случаи кои се појавуваат како основ за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

Обуката ќе се спроведе преку интерактивна дискусија, и учесниците ќе имаат можност да дискутираат и поставуваат прашања.

Преку спроведување на обуката ќе се опфатат следниве теми:

  • Општи одредби на Законот за градежно земјиште
  • Права на градежното земјиште
  • Начин и постапка за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, пренесување право на сопственост и засновање на право на стварна службеност на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, со посебен осврт на новиот начин на водење на постапките по пат на јавно наддавање и непосредна спогодба (целосна електронска постапка од поднесување на пријава/барање до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите) и компарација со стариот Закон за градежно земјиште
  • Пренесување на право на сопственост на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, како нова предвидена постапка во Законот за градежно земјиште
  • Измени кои произлегоа од усогласување на Законот со Законот за општата управна постапка
  • Уредување на градежното земјиште
  • Преодни и завршни одредби

Обуката ќе ја води г-ѓа Анета Јорданова – Раководител на сектор за документирање и управување со градежно земјиште при Министерство за транспорт и врски.

Компаниите кои се заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 20 јули 2016 година на маил: asistent@sojuzkomori.org.mk или на тел 075/254-083 Контакт лице: Стефан Манчевски.

Датум:  21.07.2016 (четврток)
Место:  Сојуз на стопански комори на Македонија

Адреса: Бул. М. Т. Гологанов Бр. 1 (до Католичка Црква)
Почеток: 10:00 часот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!