Слабата побарувачка за VR и AR уредите ги загрижува компаниите кои инвестираат во таа технологија
Виртуелната и проширената реалност се иднината на забавната индустрија, а можеби и за некој други бидејќи симулацијата на се околу нас може да се претвори во виртуелно и на таков начин да ни помогне нешто да совладаме, за нешто да сфатиме и луѓето да се забавуваат. Иако прогнозите беа такви што сугерираа успех на пазарот на VR и AR, до него не дојде и е под очекувањата. Според тоа што покажува извештајот на DigiTimes.
Најголемата причина за сето ова е некомпатибилноста на содржината и производот, но и цената на самите VR и AR уреди, која надминува стотина американски долари, а во моментов не го враќаат вложеното. Без разлика нa се, оптимизмот постои, следната година развојот на забавната индустрија на ова поле треба да донесе позитивни резултати.
Samsung уште минатата година отиде чекор нанапред и на корисниците им овозможи виртуелна реалност преку паметниот телефон. Благодарение на партнерството со Oculus. Уредот се вика Gear VR, а пристигна со специјализирана трговска апликација, што значи дека сите дизајнери мораат многу добро да ги следаат случувањата и да бидат во тек за да можат да ги пратат сите критериуми, а потоа да ги пласираат евентуално производите. Секако Oculus и Samsung од тоа ќе собираат профит.
Sony и Microsoft не чекаа долго и сега на крајот од 2016 година, ситуацијата по прашањето на VR и AR се движи кон напред и следната година би требало да следи “експлозија”. И тоа е прекрасно, но персоналните компјутери се тие кои се најбитни, а тука се наоѓа и најголемата тежина.
Доколку сакате на својот персонален компјутер во иднина да користите VR, тогаш морате да ги имате минимално овие перформанси: VR уред компактибилен со компјутерот, компјутер со два UBS 3.0 портови, и еден HDMI 1.3 порт, Intel Core i5-4590, 8GB RAM и Windows 7 S1. Но тоа се минимални критериуми, што јасно зборува дека без неколку илјади долари вистинско VR и AR искуство нема.
Исто така, мобилниот сегмент на пазарот не треба да го спомнуваме, бидејќи е со километри оддалечен од нешто што е вредно за спомнување.