1 000 000$ инвестиција од Силиконската долина за зголемување на тимот во Нови Сад

Се повеќе и се поголеми VC инвестиции се случуваат во Србија. Македонија засега е далеку од таа приказна за жал.

Alchemy компанија од Силиконската долина која неодамна се спои со новосадскиот dryTools (за кој пишувавме тука), доби seed инвестиција во вредност од милион долари намененети за зголемување на домашниот тим.

Овoj циклус е реализиран во САД од страна на повеќе инвеститори, а учествуваше и претходниот инвеститор South Central Ventures кој има и свои канцеларии во Скопје.

Alchemy e компанија со канцеларии во Сан Франциско и Нови Сад и работи на развој на SaaS платформи наменети за брз развој на производи во хемиската индустрија.

Овој циклус од инвестицијата е следен чекор во еволуцијата на Alchemy и се надополнува со спојувањето со новосадската компанија dryTools во кој South Central Ventures претходно инвестираше. Целокупната технологија и тимот на dryTools со спојувањето станаа дел од Alchemy, а оваа инвестиција е наменета за проширување на новосадскиот тим каде што главни “ѕвезди” се Марко Гачеша, Никола Милинкович и Душко Весин.

Марко Гачеша кој ја извршува функцијата CPO во Alchemy, објаснува дека средствата од оваа seed инвестиција ќе се користат за да ја зголемат својата присутност во Нови Сад и за во своите редови да донесат уште повеќе инжинери и да го забрзаат развојот на апликацијата.

Alchemy е cloud софтвер кој има цел да го промени пазарот за специјалистичка хемија, што вреди повеќе од 1 трилион долари (да, добро прочитавте 1 трилион долари) на глобално ниво. Целта на софтверот е да го подобри процесот на комерцијализација на новите формулации во хемиските компании. Енџинот кој го има Alchemy овозможува забрзан развој на производи, од иницијалниот концепот до крајна хемија, што и овозможува на компанијата брзо и ефикасно да ги комерцијализира своите производи.

Извршната дирекоторка, Саша Новакович смета дека Alchemy со својата SaaS платформа ќе донесе значајна промена на пазарот на хемиската индустрија.

error: Content is protected !!