Колку заработија 10-те најплатени директори во САД во 2016

Како што и можеше да се очекува Marc Lore е на прво место на листата најплатени американски директори во 2016 година, според Bloomberg, Marc Lore e ко-основач на Jet.com а сега е директор на Walmart дивизијата за електронска продажба, лани тој заработи скоро 237 милиони долари и го зазеде првото место.

Првиот човек на Apple, Tim Cook е на второто место со нешто повеќе од 150 милиони долари во компензации во минатата година ,на третото место е John S. Weinberg  човекот што порано работеше за Goldman Sachs а кој сега ја води инвестициската банка Evercore Partners и лани заработи 123,9 милиони долари . На четврто место е директорот на Google односно Alphabet, Sundar Pinchai со 106,5 милиони долари.

Основачoт на Tesla добро познатиот Elon Musk, е на петтото место со заработени 99,7 милиони долари. На шесто место е директорот на IBM, Virginia M. Rometty, единствената жена во топ 10 со заработени 96,7 милиони долари лани.

Следуваат: на седмо место Mitch Garber директор на Caesars Acquisition со 91 милион долари, поранешниот дирекор на Viacom Inc, Philippe P. Dauman е  на осмо место со заработени 87 милиони долари, на деветто место е  Leslie Moonves од CBS со 83 милиони долари и на десетото место е Mario J. Gabelli  кој ја заокружува листата и кој е директор на Gamco Investors со 76 милиони долари заработка минатата година.

error: Content is protected !!