Во септември Bitcoin падна за 40%

Криптовалутата Bitcoin многу ослабе после големиот скок, што го имаше летото затоа што кинеските власти одлучија да го ограничат неговото тргување, поради се почестите предупредување за појавување на пазарен меур.

Најсилната криптовалута изгуби 40% од својата вредност, односно околу 20 милијарди долари во пазарна капитализација, од 1 септември кога достигна историска рекордна вредност од 4921 долар, наведува Bloomberg.

Тоа се должи на тоа што Кина на 8 септември почна да праќа сигнали за мерките кои ќе ја ограничуваат трговијата со bitcoin, тој само во оваа недела изгуби 30% од својата вредност, што претставува негов најголем пад во 5 дена од јануари 2015 година, кога вредноста му беше околу 200 долари.

Кога Bitcoin го достигна историскиот максимум, Кина на 4 септември објави дека ќе забрани купување Bitcoin.

Најголемите интернет берзи односно менувачници за криптовалути во Кина BTC China објави дека веднаш ја стопира регистрацијата на нови налози, додека Huobi.com и OK Coin исто така објавија дека до 30 септември ќе ги известат сите корисници дека прекинуваат со трговија, а до 31 октомври ќе ја прекинат заменатата на криптовалути во јуани.

error: Content is protected !!