Интервју со Scott Resnick „Претприемач евангелист“

Scott Resnick е основач и првиот извршен директор на StartingBlock Madison, што е претприемачки центар од 50.000 квадратни метри во Висконсин, САД. Тој е човекот кој помогна да се соберат милиони за стартап сцената околу Универзитетот Висконсин. Пред неговото доаѓање на Самитот во 2018 година, Scott ќе сподели неколку лекции за македонската стартап сцена.

1. Имате импресивна листа на постигнувања позади вас. Во моментов, вие сте основач и прв извршен директор на StartingBlock Madison – претприемачки хаб од 50.000 квадратни метри, кој беше отворен во 2018 година. Можете ли да ни дадете краток осврт на вашиот професионален бекграунд и како стигнавте до точка да го основате StartingBlock?

Во 2006 година, неколку пријатели и јас имавме идеја за технолошка компанија која требаше да одговори на следното прашање: “Што ако луѓето можат да гледаат телевизија онлајн?” Концептот беше одличен. Сепак, ние не можевме да ја комерцијализираме идејата. Нашиот тим научи многу од нашиот неуспех и неколкумина од нас продолжија да градат втора компанија повторно заедно. Неколку години подоцна, Hardin Design & Development е компанија која креира веб апликации за компании како FedEx, Toyota и American Family Insurance. Сѐ уште сум главен оперативен директор на компанијата.

Додека компанијата се развиваше добро, неколку претприемачи сакаа да направат поголемо влијание во нашата заедница. Сакавме да можеме тоа да го “платиме однапред” и да им помогнеме на другите стартапи да успеат да стартуваат нови компании. StartingBlock е инкубатор кој ќе им обезбеди на младите компании образование, алатки, ресурси и капитал за да напредуваат во 21 век.

2. Направивте напори да подигнете милиони долари за да се изгради “светилник за старт-апите од средниот запад”, особено околу технологиите поттикнати од Универзитетот во Висконсин. Која е главната цел на оваа организација и како е структурирана?

Медисон има население помалку од 250.000 луѓе и сѐ уште е во првите 15 во светот по вложување во venture инвестиции по глава на жител. На Медисон можеби му недостасува повеќе население, но го надополнуваме со густината на стартапите. Една од целите на StartingBlock е да ја засили пораката дека секој може да создаде стартап и дека Медисон е едно од најдобрите места во земјата за претприемачите. За да ги оствариме нашите цели, соработуваме со нашите партнери од локалната и сојузната влада, како и со локалниот универзитет и колеџите, за да ги истакнеме предностите и конкурентските предности на нашиот регион. Ние ја структуриравме нашата организација како непрофитна и ја споделивме визијата со институциите на заедницата кои го поддржаа проектот.

3. Вие сте поранешен член на градскиот совет на Медисон и сте го создале првиот seed фонд од 1,5 милиони долари за поттикнување на претприемништво кај жените и малцинското. Колку е важна општествената одговорност и застапувањето за општествени прашања кои се навистина важни?

Општествената одговорност треба да биде во срцето на сите професионални одлуки. Како млад бизнис лидер кој влезе во политиката, почувствував дека имам должност да се осигурам дека сите членови на нашата поголема заедница се третирани со почит и еднакви можности додека јас се држам до највисоките морални стандарди. Фондот од 1.5 милиони излезе од анализа на можностите. Жените и групите со недоволно застапеност добиваа само дел од финансирањето на ризичниот капитал во споредба со белите мажи. Со оглед на тоа што помалку застапените основачи често имаат повисоки приноси, го предводев ова основање како можност да ја развијам VC заедницата и да ја развијам нашата стартап заедница.

4. На претстојниот Самит на Македонија 2025, ќе го споделите вашето искуство и знаење за тоа како да се изгради претприемачки округ. Бидејќи македонскиот стартап екосистем е сé уште многу млад, какви би биле вашите сугестии за македонските претприемачи?

Бидете навивач за вашиот локален екосистем и стартап. Премногу луѓе се фокусираат на негативните причини зошто идејата не може да функционира или зошто стартап не може да напредува во одреден регион. Искористете ги вашите локални силни страни и станете шампион за вашата заедница. Можете да го направите тоа со поддршка на другите стартапи и нудејќи помош секогаш кога е тоа можно. Кога една компанија успева во регионот, целата заедница успева.

5. Дали има нешто друго што би сакале да го споделите, па нашите пријавени на Самитот да дознаат повеќе за Скот Ресник?

Секoj стартап со кој работам го прашувам следното прашање: “Како можам да помогнам?” Сакам да работам со млади компании за да им помогнам да го откријат својот бизнис модел, да најдат нов потрошувач или да пронајдат финансирање. Јас сум воодушевен што имам можност да зборувам на Самитот на Македонија 2025 и да ги споделам моите согледувања.

Интервјуто го водеше Димитар Чатлески од Македонија 2025, а ексклузивно ви го пренесува Macedonian Business Hub.

error: Content is protected !!