По 8 години пазарната вредност на Microsoft ја надмина вредноста на Apple
Пазарната вредност на Microsoft ја надмина вредноста на Apple за првпат по осум години. Цената на акциите на тој софтверски гигант во последно време расте, додека акциите на Apple се под притисок поради информации за успорување на растот на продажбата на iPhone.
Цената на акциите на Microsoft се зголеми на Волстрит за 0,6%, на околу 11 долари, со што неговата пазарна вредност е 851,2 милијарди долари. Од друга страна, цената на акциите на Apple е намалена за 0,5% на 178 долари и неговата пазарна вредност сега е 847,4 милијарди долари.
Apple со години е најголема американска компанија по пазарна вредност, и е пред Microsoft од 2010 година.