Бидете дел од врвна обука за бизнис и претприемништво: Отворен повик за ЛИДЕР проект

Македонија2025 го објави отворениот повик за ЛИДЕР проект – врвна обука за бизнис и претприемништво, која по 13-ти пат ќе се одржи од 4-16 мај 2020 година во Скопје. ЛИДЕР проектот се реализира во соработка со Ivey Business School  Western University, кои обуката успешно ја спроведуваат уште од 1991 година. Целосно бесплатната обука претставува десетдневна програма за менаџмент и бизнис администрација (МBA – Management and Business Administration), која има за цел да ги охрабри и поттикне македонските претприемачи да развијат локални или регионални бизнис решенија што ќе создадат нови можности за општествен и економски развој.   

Претприемачите ќе имаат можност да ги надоградат своите аналитички вештини и во целост да го развијат чувството за бизнис. Покрај тоа, ќе имаат можност одблизу да работат со инструкторите од ЛИДЕР проектот, со цел да ги претворат своите идеи во реални бизниси на пазарот или пак да воведат новитети во работењето на својот веќе постоечки бизнис. Без разлика на која група припаѓате, ЛИДЕР проектот ќе ви помогне да стигнете чекор поблиску до реализирање на вашите цели! 

Обуката се препорачува за сите претприемачи, менаџери, сопственици на компании, млади професионалци кои сакаат својата бизнис идеја да ја претворат во реалност, како и за сите кои сакаат да ги продлабочат своите знаења од сферата на бизнисот и претприемништвото. 

Повикот е отворен до 1-ви април 2020. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање можете да најдете во отворениот повик на официјалната веб-страница на Македонија2025, достапен ОВДЕ.  

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на office@macedonia2025.com

error: Content is protected !!