Македонските обложувалници ќе можат да работат онлајн

Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба. Со уредбата им се овозможува на економските оператори што организираат игри на среќа да ја продолжат својата дејност на интернет.

Со ова, како што велат од Владата, „се создаваат услови да се сочуваат 7.500 работни места во оваа дејност“.

–Со оваа уредба се обезбедува можност за наплата на приходи во Буџетот кои до донесувањето на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, се генерираа од обложувалниците, автомат клубовите и казината и кои престанаа да се наплатуваат бидејќи на 15 март 2020 година приредувачите на овие услуги ги затворија сите уплатно исплатни места и деловни простории во кои ги приредуваат игрите на среќа, соопштуваат од Влада.

Министерката за финансии Нина Ангеловска претходно порача дека онлајн-обложувањето е иницијатива на која се работело и пред корона-кризата и дека освен што ќе се зачуваат работни места, на овој начин сметаат дека ќе се подобри законската регулатива.

error: Content is protected !!