Италија: 34 милијарди евра штета, 50.000 затворени компании и 350.000 луѓе без работа

Поради коронавирусот и како последица од мерките кои ги презеде Италија со цел да го спречи неговото ширење, ќе бидат затворени повеќе од 50.000 компании, а 350.000 луѓе ќе останат без работа

Овие бројки ги соопшти здружение на италијански угостители (ФИПЕ) од каде што велат дека одлагањето на отворањето на угостителските објекти до 1 јуни ќе донесе само полоши последици.

ФИПЕ протестира поради мерките поврзани со таканаречената „втора фаза“ во Италија, кои само дозволуваат испорака на храна, велејќи дека нема да да ги спаси баровите и рестораните, и ќе предизвика многумина да бидат осудени на пропаст.

Уште еден месец во блокада, според ФИПЕ, ќе донесе штета од нови девет милијарди евра, а вкупната штета се проценува на 34 милијарди евра од почетокот на крзата.

Во Италија, најтешко погодената европска земја со вирусот КОВИД-19, по скоро двомесечна изолација на 4 мај, започнува нова фаза и „соживот со вирусот“ бидејќи повеќе од 60 милиони граѓани ќе имаат поголема слобода на движење во рамките на регионите.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте најави дека рестораните повторно ќе се отворат од 1 јуни со обврска да ги одалечат масите најмалку еден метар и да се одвојат влезовите и излезите.

error: Content is protected !!