Цената на златото урива рекорди поради владите и централните банки

Унца злато деновиве се тргува по цена од над 1.600 евра.

Побарувачката за злато е зголемена како резултат на високата несигурност предизвикана од пандемијата од коронавирусот. Пакетите за спасување кои владите и нивните централни банки ги покренаа, ја поттикнуваат побарувачката за злато.

– Се очекува цената на златото да достигне околу 1.700 долари до крајот на 2020 година – изјави економистот Дегус Полеит.

Златото исто така е популарно како заштита од инфлација.

Некои експерти очекуваат пораст на инфлацијата на среден или долг рок, а тоа влијае на побарувачката.

error: Content is protected !!