ДУИ бара приватните компании да вработуваат Албанци кои ќе бидат субвенционирани

Во новата владина програма за која ќе се дискутира денес во Собранието, покрај предизборните мерки на СДСМ и коалицијата „Можеме“, може да се препознае дека се прифатени и оние на ДУИ, кои Интегративците и Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец на Македонија, ги промовираа и како барања., пишува Фактор.

ДУИ пред изборите бараше да се субвенционираат 50 проценти од социјалните придонеси во наредните три години секое ново работно место што ќе ја подобри „правичната и соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватните претпријатија“, пишува Фактор.

„Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“, стои во владината програма, пренесува Фактор.

Во владината програма се најавува поврат на персонален данок за сите нововработени под 30 години, во првите две години при што сретствата ќе се враќаат директно на нивна сметка и ослободување од плаќање данок на сите новосоздадени приватни претпријатија, формирани од млади до 30 години или жени, се додека прометот е под 3 милиони денари. Нешто слично предложуваше и ДУИ пред изборите.

error: Content is protected !!