Тунтев од Агенцијата за цивилно воздухопловство поделил 1 милион евра за плати на 68 вработени

Томислав Тунтев лани во својата прва година како директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство поделил милион евра, односно 60,8 милиони денари за нето-плати на 68 вработени, пишува во отчетот за 2019 година што ова регулаторно тело го достави на одобрување во македонското Собрание, пренесува Фактор.

Просечна плата на вработените кај поранешниот пратеник е 75.000 денари, без придонеси, персонален данок и други давачки, односно го задржува трендот секоја година да расте за околу две и пол илјади денари повеќе во агенцијата која се самофинансира од дозволи и надоместоци од воздухопловните оператори.

Томислав Тунтев ја напушти пратеничката функција на почетокот од минатата година за да директорува со Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. До пред три години платата таму беше во просек 65.553 а бројот на вработени варира од 67 до 69. Бруто-платата со сите надоместоци сега е преку 100.000 денари.

error: Content is protected !!