Во вториот квартал странските директни инвестиции се во минус – повеќе се одлеале отколку што влегле во Македонија!

Странските директни инвестиции се во минус во вториот квартал од оваа година.

Наместо да има прилив регистриран е дури одлив на капитал од земјава во месеците април, мај и јуни.

Лошата статистика ја објави Народната банка која податоците за странски инвестиции ги објавува по истекот на тримесечјето.

Според бројките, во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-одливи од 9,3 милиони евра. Одливот е поради намалениот меѓукомпаниски долг за 78,6 милиони евра. Инвестициите во сопственички капитал изнесуваат 48,3 милиони евра, а реинвестираната добивка изнесува 21 милион евра.

Ваков минус, наместо приливи на странски инвестиции последен пат е регистриран во 2017 година во третиот квартал.

error: Content is protected !!