Заев најави нов закон за данок на имот: Tрипати повисок данок за втор стан, куќа, дуќан ……

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле, најави дека трипати повисок данок на имот ќе плаќаат сопствениците за недвижнини кои не се користат, ако се донесе новиот закон за данок на имот кој наскоро влегува во дебата.

-Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите кои имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сè што не е искористено, пред сé од државата. Законот, барем на хартија, подеднакво ќе ги “казнува“ и државата и физичките и правни лица, кои поседуваат имот кој не е во функција. На пример, имаме неискористени детски одморалишта. Во таков случај државата ќе плаќа трипати повисок данок на општината во која што се тие. Ако не, нека го продаде или изнајми и нека го стави во функција, појасни Заев.

error: Content is protected !!