Бесими: Ќе продаваме државен имот, јавниот долг не треба да се зголеми

На првиот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2021 година министерот за финансии Фатмир Бесими, пред комисијата одговарајќи на реплика изјави дека државата мора да го продава својот имот, бидејќи од друга страна имаме јавен долг кој не треба да се зголеми.

– Оние претпријатија кои ќе се понудат на продажба или како јавно-приватно партнерство сега претставуваат дополнителен товар за буџетот, а тоа значи помалку пари за развој. Формите како јавно-приватно партнерство и инвестициски фондови се нови начини на финансирање. Таков е и планот на Вархеи од 9 милијарди евра за Западен Балкан и привлекување на дополнителен финансиски капитал, рече Бесими од собраниската говорница, бранејќи го Предлог-буџетот за 2021.

Министерот тврди следната година растот и развојот нема да може да се финансира само преку задолжување.

– На среден рок треба да имаме добра стратегија за фискална консолидација. Одредени јавни претпријатија се само дополнителен товар за буџетот, а од друга страна имаме јавниот долг кој не треба да се зголеми, смета Бесими.

error: Content is protected !!