Македонија е трета најсиромашна држава во Европа

Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, посиромашни од Македонија се само Албанија и Босна и Херцеговина, со БДП од околу 31% од просекот на ЕУ, објави Еуростат.

Тоа значи дека на овие земји ќе им требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и имаат слаб економски потенцијал.

Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93 отсто над просекот на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија. Во однос на земјите-членки на ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47% од просекот на ЕУ.

Земјите од Западен Балкан според Еуростат котираат слабо со тоа што БиХ тесно ја надминува Албанија, а Македонија има трет најнизок БДП. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место.

error: Content is protected !!