Чифлиганец: Нема услови за бизнис во Македонија го преселив бизнисот во Србија и Грција

Домашната градежна компанија „Адора инженеринг“ го „сели“ бизнисот надвор од Македонија.

Првиот човек Ванчо Чифлиганец за „Фактор“ вели дека сега се фокусирани на градење во странство, моментно во Србија и во Грција, а имале планови да градат и во други земји.

Клучна причина за „преселбата“ на активностите, Чифлиганец ја лоцира во неповолната бизнис клима во земјава, но и неможноста да градат во општина Центар каде имаше мораториум за изградба на нови објекти. Тоа придонело од 500 вработени компанијата да се сведе на само 25 луѓе.

Чифлиганец додава дека поради мораториумот не граделе три години, а за да се ублажи ударот биле принудени да купуваат акции во други компании, најмногу удели во Комерцијална банка. Чифлиганец очекува, како што вели, општина Центар да се вразуми и сите институции да ги почитуваат судските одлуки. Имено Уставниот суд неодамна го поништи мораториумот.

„Адора“ веќа имала своја компанија во Србија (Adora Living Solutions), а Чифлиганец вели дека сега сите компании се инкорпорирани во „Adora Business Group“. Моментно се гради елитен станбено деловен комплекс во Златибор. Станува збор за станбено деловен комплекс од 7000 квадратни метри со 100 станови, кои што ќе бидат целосно опремени, односно во кои што сите станови (апартмани) ќе бидат комплетно унифицирано опремени со мебел и целата останата покуќнина, базен, спа и велнес центар, ресторан, теретана, двор за релаксација и останати современи содржини за планински одмор.

Тој за „Фактор“ открива и дека работи на два проекти во Грција од кои едниот е на Халкидики. Таму веќе се изградени модерни вили со апартмани за продажба за семејно уживање на море.

Годинава компанијата почнува проект на островот Тасос во Грција, каде што ќе гради два објекти со апартмани, од нив дел ќе бидат наменети за изнајмување, а дел за продавање.

Целиот текст на Фактор можете да го прочитате ТУКА.

error: Content is protected !!