Заев: Во бизнис секторот ќе оди дел од јавната администрација

Владината политика е јасна – администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна кон граѓаните ијзави премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.

– Буџетот за 2021 е изгласан и во него има средства за сите предвидени реформски и економски процеси. И сега треба да се одработи, многу да се работи, секој од нас да даде максимум, а тоа важи и за секој од државните службеници. И ете го реперот – кој е спремен да одработи и да биде сервис на граѓаните од кои е платен, не треба да се грижи за ништо. Се разбира, дел од администрацијата природно ќе гравитира кон бизнис секторот, а дел ќе се пензионира согласно законските рамки. Во секој случај, владината политика е јасна – администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна кон граѓаните, рече Заев.

Заев додаде дека Владата, која ја предводел и во овој и во претходниот мандат, работи врз принципите дека нема да има отпуштања заради реваншизам. Напротив, додава тој, влеговме во процес на длабока реформа на јавната администрација.

-Владата на Република Северна Македонија создава администрација која ќе се ослободи од партиските спреги и ќе се посвети на решавање на проблемите на граѓаните и деловните субјекти, почитувајќи ги начелата на законитост и непристрасност при вршењето на должноста, изјави Заев во интервјуто за МИА.

error: Content is protected !!