Македонија има историски највисоко ниво на корупција според индексот на Транспаренси Интернешенл

Македонија е најлошо рангирана досега на индексот за корупција на Транспаренси Интеренешнл со пад од 5 места на 111 место во друштво на БиХ, Панама и Монголија.

Македонија, Босна и Херцеговина, Панама и Монголија го делат 111 место на ранг листата за перцепција за корумпираност на државата, покажа последниот извештај на Транспаренстност Интернешнл.

Со ова, Македонија бележи пад од пет позиции во однос на минатата година. Но, промена во индексот нема, односно и годинава како и лани индексот изнесува 35. Ова рангирање е историски најлошо досега откако се мери во земјава, вели Слаѓана Тасева од македонското претставништво на Транспаренси Интернешнл.

„Ова е историски најлош резултат на индексот, до сега бевме најдолу на 107 и сега сме уште подолу, ова е прв пат откако Македонија се рангира, да имаме толку лошо рангирање, индексните поени 35 се исти како и лани. Апсолутно не бележиме никаков напредок, а многу е важно да се знае дека методологијата е заснована на истражувања не постари од две години“, вели Тасева.

Индексот во изминативе пет години се движел од 37 до 35 со што и рангирањето било од 90 место до денешното 111 место. Тоа значи дека земјава не покажува никаков или слаб напредок во борбата против корупцијата.

Тасева објаснува дека истражувањата кои се земени во предвид за македонскиот резултат покажуваат сериозен пад на клучниот индекс на владеење на право и правда.

Највисоко на листата веќе со години односно држави со најмалку корупција се се: Данска, Нов Зеланд и Финска чиј индекс изнесува во просек околу 88 поени. На дното, исто така, со години, се наоѓаат држави како Сомалија, Јужен Судан и Сирија.

error: Content is protected !!