Мизо: Странските компаниите во Македонија наместо да реинвестираат тука направија реинвестиции во соседните земји

Во последните години повеќе странски инвестции што требаше да завршат во Македонија завршија во соседните земји, но тоа што е ново е дека и постоечките странски компании кои имаат инвестирано во Македонија наместо да реинвестираат во нашата држава прават инвестиции во соседните држави.

Овие податоци ги потврди и Виктор Мизо кој е претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во емисијата Топ Тема на Телма.

-Некои од компаниите во Македонија наместо да реинвестираат тука направија реинвестиции во соседните земји, на пример имавме две инвестиции на Адиент тука, таа отиде во Србија, Кромберт и Шуберт отиде во Србија, Аптив отиде во Србија и тоа е еден многу лош сигнал кога ќе видите дека компании кои се тука лоцирани, нивните реинвестирања, нивните нови проекти не ги прават тука, во вашата држава туку ги прават во други места, не успеавме да ги задржиме, изјави Виктор Мизо.

error: Content is protected !!