Почина Бернард Медоф кој преку финансиски понзи шеми украде 65 милијарди долари

Организаторот на една од најголемите финансиски пирамиди во светот Бернард Медоф почина денеска во затвор на возраст од 82 години. Мејдоф издржуваше казна од 150 години затвор за финансиска измама што ја вршел во текот на 40 години, со употреба на таканаречената Понзи шема.

Бернард Мејдоф во 1960 година го основал фондот „Бернард Л. Медоф инвестмент секјуритис“, кој подоцна се покажа дека е финансиска пирамида. Од работењето на пирамидата беа оштетени околу три милиони луѓе низ целиот свет, а вкупната сума на загуба беше речиси 65 милијарди долари. Бизнисменот раководел со фондот до крај, до моментот на неговото апсење во декември 2008 година.

Во текот на истрагата тој призна дека во текот на речиси четири децении ги доведувал во заблуда инвеститорите и прикажувал лажни податоци на регулаторите. Некои од неговите жртви изгубија сè, а најмалку едно лице се самоуби поради измамата.

Мејдоф ги измами не само финансиерите, туку и богатите и славните, на кои им вети дека ќе им заработи милиони. Меѓу неговите клиенти, меѓу другите, беа познатиот продуцент и режисер Стивен Спилберг, актерот Кевин Бејкон и добитничката на Нобеловата награда за мир Ели Визел.

error: Content is protected !!