Србија:Поради зголемување на просечните плати некои странски инвеститори си заминуваат, премиерката вели ќе дојдат други кои ќе даваат повисоки плати

Италијанската фабрика за чевли „Геокс“ има намера да го напушти Врање, но српската премиерка изјави дкеа ќе дојде инвестотиот кој ќе дава поголеми плати.

-Тие дојдоа во Србија во 2014 година затоа што тогаш бевме дестинација која се промовираше како земја со евтина работна сила и затоа, како што растат просечните плати и минималните плати, ќе имаме проблем бидејќи трудоинтензивните инвестиции ќе се преселат во земји со пониски плати и поевтина работна сила“, нагласи Брнабиќ.

Изјавувајќи дека заминувањето на „Геокс“ сè уште не е „100 процентно потврдена информација“, премиерката рече дека, доколку тоа се случи, таков резултата се очекува не само за италијанската компанија, туку и за „повеќе други инвеститори“ во догледно време.

-Ќе имаме нови инвеститори и овие луѓе нема да останат без работа и ќе имаат подобри плати. Ако ‘Геокс’ одлучи да си замине, ние ќе бидеме таму за веднаш да го замениме со нов инвеститор. Вработенитетие нема да останат без работа“, додаде Брнабиќ

error: Content is protected !!