Бесими:Имаме план за 4 милијарди евра инвестиции и раст на БДП од 5% на среден рок

Планот за забрзан економски раст чија цел е зголемување на економскиот раст, значително зголемување на јавните инвестиции, но и силно поттикнување на приватните инвестиции на среден рок, беше главната тема на којашто министерот за финансии, Фатмир Бесими, се осврна во своето обраќање пред потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, регионалната директорка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер, извршниот директор во Светска банка, Кун Давидсе и директорот на канцеларијата на Светска банка за Македонија, Масимилијано Паолучи.

-Планот за забрзан економски раст ќе има клучна улога во креирање нови работни места и поттикнување на растот на економијата во Македонија. Крајните цели се фокусирани на три пунктови: Зголемени инвестиции, преку овозможување поефективно користење на јавните инвестиции во износ од 4 милијарди евра во наредните пет години, со повеќекратно мобилизирање на дополнителни инвестиции од страна на приватниот сектор; Забрзан раст – удвојување на стапките на економски раст на среден рок на 5% годишни стапки на раст; како и Обезбедување фискална консолидација – да го потпомогне намалувањето на јавниот долг под 60% од БДП на земјата на среден рок, вели Бесими.

Министерот, исто така, информираше за воспоставениот механизам за подобрување на имплементацијата на капиталните расходи (CAPEF), којшто како што рече, веќе дава добри резултати во делот на реализација на капиталните инвестиции.

error: Content is protected !!