Трамп го возраќа ударот, го најави отворањето на социјалната мрежа Truth Social
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој беше брутално избркан од речиси сите социјлани мрежи, а неговите сметки избришани, поради неговите ставови и слобода на говор најави отворањето на сопствената социјална мрежа „Truth Social“.
„Truth Social“ треба да ѝ се спротивстави на „тиранијата“ на големите технолошки концерни, вели Трамп.
Truth Social на Доналд Трамп би требало да биде онлајн веќе во ноември, а целосната верзија треба да ѝ биде на располагање на широката јавност на почетокот на наредната година.
Тој објави и дека ја основал компанијата Media & Technology Group (TMTG), која би требало да излезе и на берзата. Truth Social треба да е конкуренција на „прогресивно либералниот медиумски конзорциум“ и да им се спротивстави на компаниите од Силиконската долина, кои својата еднострана моќ ја користат за да ги замолчат опозициските гласови во Америка, вели Трамп. Тој најави дека на Truth Social наскоро ќе ја објави својата прва вистина.
Доналд Трамп пред да биде трајно баниран од социјалните мрежи имаше 88 милиони следбеници.Тужбите на Доналд Трамп против технолошките концерни досега немаат успех.