Експeртот по енергетика Димитров: Можеме само да се молиме на господ да не биде премногу студено
-Можеме само да се молиме на Господ да не биде премногу студено. Колку толку да работи Рек Битола, да обезбеди определена количина евтина енергија, наша сопствена,а остатокот мораме да го купиме. И алтератива е да трошиме толку колку што произведуваме електрична енергија.
Тоа ќе значи дека ќе мора да се спроведе рестрикција, која би била минимум на 50 отсто од потребите кои се сега“, вели професорот Константин Димитров за „Гласот на Америка.
Според Димитров, една од причините зошто Македонија се соочува со енергетска криза, е тоа што не се носат навремени и правилни одлуки во секторот енергетика, туку одлуки од денес за утре.
Многу порано требало да се реагира при набавката на јаглен, поевтин мазут, но, и струја, која во текот на летните месеци била за неколку пати поевтина отколку сега вели Димитров.