Битиќи: Оваа е поголема криза од таа во 2001 кога имаше војна

Поминавме низ војната во 2001 година, но оваа криза ќе биде најголема по Втората светска војна, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во емисијата КликПлус на ТВ21.

Ќе биде многу тежок период низ кој никогаш не сме поминале, најавува вицепремиерот.

– Може да се каже дека минавме низ војна во 2001 година и ви велам дека кризата не беше толку голема како што се случува денес, рече Битиќи.

Тој повтори дека порастот на цената на нафтата доаѓа како резултат на тоа што Македонија е „целосно зависна од увозот на нафта.

– Точно е дека нема потреба од паника на пазарот дали ќе има или нема нафтени деривати. Бидејќи изворот на нашиот увоз не е од руската нафта, изјави Битиќи.

error: Content is protected !!