Поради војната во Украина германскиот Кромберг и Шуберт ќе отвори нова фабрика во Бунарџик

Поради стопираното производството на Кромберг и Шуберт во Украина, поради војната меѓу Украина и Русија. Германската компанија Кромберг и Шуберт ќе отвора уште една фабрика, но не во Битола, туку овој пат покрај Скопје.

Oд Кромберг и Шуберт за „Фактор“ потврдуваат дека во Бунарџик ќе се произведуваат кабли за БМВ, која мораше да го намали своето производство на почетокот на војната, а сите други производители беа принудени да го сторат истото, објави Фактор.

Прво е планирано да се закупи објект во Општина Илинден, за производството да започне побргу со инстантно вложување на 22 милиони евра за опрема и машини, а истовремено ќе се гради нова фабрика за која би биле инвестирани 39 милиони евра. Првиот погон за релокација на производството за БМВ од Украина, би започнал со работа во август или септември, а веќе има огласи за вработување кои би достигнале до 1.800. Фабриката би се градела во новата индустриска зона Скопје 3 и таму би требало да има 2.000 вработувања и производниот процес би стартувал во 2024.

Од Кромберг и Шуберт велат дека нема да има намалувања на бројот на работиници во индустриската зона Жабени.

– Нема да има намалување на бројот на вработени во Жабени, напротив. Паралелно со погоренаведените инвестиции во Скопскиот регион, ние имаме нов проект и во фабриката во Битола. Вкупната инвестиција во опрема и машини изнесува 25,7 милиони евра и планирани се околу 800 нови вработувања во наредните 2 години, велат од менаџментот на фабриката, објави Фактор.

error: Content is protected !!