Јовановски: Имаме понизок кредитен рејтинг од Грција, а трипати сме помалку задолжени

Потпретседателот на Стопанската комора, Зоран Јовановски, вечерва во гостувањето во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, учествуваше во дебата за состојбите во државниот буџет и за јавниот долг.

Тој вели дека земја со најголем долг во светот во моментов е Јапонија, но нејзиниот кредитен рејтинг е одличен – А+.

-Грција има задолжување од 180% од БДП, значи поголем е процентот на задолжување на Грција, а Грција има кредитен рејтинг ББ+. Ние имаме трипати помалку од Грција, 57,1% и нашиот кредитен рејтинг е уште помал. Значи процентот не е пресуден, важно е колкав е капацитетот и каква е перцепцијата на способноста на земјата да го сервисира долгот, вели Јовановски.

error: Content is protected !!