Сител: Од следната недела се враќа ДДВ-то од 5% – ќе има поскапување
Нема продолжување на владините мерки замрзнување на маржата и ослободување од ДДВ то на основните прехранбени производи, дознава Сител.
Од наредната недела, кога завршува важноста на мерките, се очекува и нивно поскапување. За да се ублажи шокот од драстистчното зголемување на цените кај лебот, брашното и маслото за јадење, Владата целосно го укина ДДВ од 5%., а на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10%, објави Сител.
Извори за Сител, велат дека пари ќе се чуваат за евентуални мерки од септември , за кога се очекува зголемување на цената на струјата и евентулано обезбедување енергенси и основни прехранбени суровини.