Македонија има најскап леб во регионот

Цената на лебот во маркетите се движи од 50 до 95 денари зависно дали е обичен, бел или интегрален леб. Некои од домаќинките веќе размислуваат да месат леб, но и брашното е околу 50 денари, а ако на тоа се додаде дека треба да потроши и струја, велат ни таа варијанта не се исплаќа. Дури и четврт бурек стигна до 75 денари објави ТВ21.

Споредено со земјите од регионот во Македонија лебот е најскап и се приближува до цената на лебот во европските земји.

  • Србија 29 денари (цената е замрзната)
  • Косово 0.50 центи (30 денари)
  • Грција 0.83 центи (51 денар)
  • Германија 1.23 евра (75 денари)
  • Франција 1.53 евра (94 денари)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!