Од нови даноци министерот Бесими планира да ги испразни џебовите на компаниите и граѓаните за 54 милиони евра!

Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешниот брифинг ги презентираше даночните реформи преку кои, според него, треба да се соберат 54 милиони евра.

Како што истакна тој, ќе се воведе данок за реинвестирана добивка кај компаниите која досега не се оданочуваше, а нема повеќе да има поволности за придонесите за доброволниот пензиски фонд.

Потоа, ќе се намали основата за даночни олеснувања за вложување во спортот, ќе се укинат и преференциите кај премиите за животно осигурување, ќе се оданочува и капиталната добивка од продажба на акции како и каматите од орочените депозити во банките.

Што се однесува до социјалните придонеси, ќе се укине највисоката месечна пресметка, ќе се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување за договори за дело.

Бесими најави новини и кај ДДВ, појаснувајќи дека за ставките од реформите попрецизно ќе се дебатира во следниот период.

Собраните приходи ќе се искористат за инвестиции во здравството, енергетските капацитети, патната и железничката инфраструктура, утешува и уверува министерот Фатмир Бесими.

Министерот не кажа колку нови агенции и министерства се отворени изминативе години и за колку луѓе се зголемила јавната администрација, и колку пари за нови автомобили, мебели и службени ручеци и патувања се потрошени во изминативе години.

error: Content is protected !!