Во Македонија се краде струја во вредност од 100 милиони евра годишно, најмногу во Арачиново, Грчец, Сарај …

Околу 5% од испорачана електричната енергија се користи неовластено, односно се краде. Тоа се се околу 300.000 мегаватчасови.

Ако се земе дека пазарната цена за еден мегаватчас е 300 евра, а цената оди и до 500 евра за 1 мегаватчас, тогаш годишно загубите од кражбите на струја е и повеќе од 100 милиони евра. Најпроблематични региони каде што не постојат услови за работа и спроведување на проекти за намалување на загуби се: Арачиново, Грчец, Сарај, Крушопек, Сингелиќ, Серава, Арачиново и Студеничани, и официјално ја потврдија вчерашната информација на МКД.мк од ЕВН.

Во јавноста излегоа фрапантни бројки за кражбите на струја во скопската Општина Арачиново. Загубите по трафостаниците се движат од 56,1% до 96,1%. Од ЕВН за „Пари“ отворено велат дека ова е место кае што не можат да се справат со крадците и дека во битката немаат доволна поддршка ниту од локалната власт, ниту од МВР.

– Нема безбедност за вршење на редовно работни активности, вработените постојано се соочуваат со вербални, а често и со физички напади. Постојано има оштетување на опрема, алармите се оштетени во сите ормари. Обидите од општинските власти не овозможија решавање на проблемот и нормални услови за работа на терен и нема секогаш доволно поддршка од страна на МВР – велат од ЕВН.

error: Content is protected !!