Според Државниот завод за статистика просечната нето плата по вработен во јуни изнесува 31.869 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 31.869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9%, објави денеска Државниот завод за статистика. Просечната плата расте и во споредба со месец мај, кога истата изнесувала 31.407 денари.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 23,1%, Уметност, забава и рекреација 17,5% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 16% – се наведува во соопштението на ДЗС.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување 6%, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 5,7% и Рударство и вадење на камен 4,3%.

Според ДЗС, во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47.634 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!