Владата бара кредит од ММФ од 530 милиони евра!
Владата на петочната 99 седница го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд, за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра.
Средствата од Кредитната линија, според соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наменети за поддршка на Буџетот на Република Македонија.