Американската First Republic Bank има одлив на депозити од 100 милијарди долари
Откако за првите три месеци од оваа година 100 милијарди долари депозити ја напуштиле First Republic Bank, цените на акциите на оваа банка паднаа за 50% во само еден ден пред неколку дена, но со последниот најнов пад од денес има пад од нови 20% кај акциите од оваа банка.
Оваа банка, која е во деловни проблеми по пропаѓањето на SVB, пријавила одлив на депозити од 104,5 милијарди долари од почетокот на годината до крајот на март или околу 40% од вкупните депозити.
Во меѓувреме, конзорциумот од најголемите американски банки вложува 30 милијарди долари за да и помогне на банката да избегне банкрот.
Од почетокот на годинава вредноста на акциите на оваа банка е намалена за околу 94% од 1 јануари(од 121 долари на 6 долари денес). Некои аналитичари во Америка очекуваат First Republic Bank да биде следната што ќе ја преземе државата.
Карактеристично за SVB и First Republic Bank е што повеќе од 90% од депозитите се поголеми од осигурените 250.000 долари, за кои државата гарантира. Трошоците за покривање на депозитите на SVB се проценуваат на околу 20 милијарди долари.