Тајванскaта YAGEO објави дека ќе инвестира 250 милиони евра во ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип

Глобалната компанија за производство на електрични компоненти и давател на услуги тајванската YAGEO денеска најави дека ќе инвестира над 205 милиони евра во следните десет години во Македонија со цел да ги прошири своите операции во Европа. Инвестицијата вклучува нови погони во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во градот Скопје и Штип, објави YAGEO на нивната веб страна.

Менаџментот на YAGEO и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, денеска го потпишаа договорот за инвестирање во седиштето на YAGEO во Тајпеј, Тајван.

-Одржувавме долгорочно деловно партнерство со Македонија бидејќи досега КЕМЕТ управуваше со две фабрики и еден центар за истражување и развој таму, главно произведувајќи кондензатори за електрични возила. Со стратешка географска положба, стабилна монетарна и поволна даночна средина и висококвалификувана работна сила со конкурентни трошоци за работна сила, Македонија е идеална локација за YAGEO Group да продолжи да го шири своето деловно скалирање во Европа, изјави Пјер Чен кој е основач и претседател на YAGEO

Инвестиција на YAGEO од 205 милиони евра во Македонија, е најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата. Предвидено е отворање на над 3.900 нови работни места. Новите погони на YAGEO ќе бидат со седиште во ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип, објави YAGEO на нивната веб страна.

Инаку YAGEO е основана во 1977 година и се смета за еден од поголемите глобални добавувачи во автомобилската индустрија, зелената енергија и електроника. Има 49 производствени капацитети на глобално ниво со 40.000 вработени, со годишен обрт од над 4 милијарди долари.

Два производствени капцитета ќе се градат во Скопје. Првиот во јули догодина, а потоа во втората фаза и во Штип. YAGEO планира производство на резервни делови и компоненти за електрични возила, како и софистицирана опрема за зелени технологии, но и развојни и истражувачки проекти во соработка со македонските универзитети.

error: Content is protected !!