Мобилните телефони на Samsung полека го истиснуваат iPhone од деловните корисници

Додека Android ја продолжува својата доминација во потрошувачкиот сегмент со околу 80% удел од глобалниот пазар на паметни телефони, iOS на Apple со текот на годините го замени BlackBerry во сегментот компании. Компаниите пред се бараат сигурност, а Android во тој поглед не стои баш најдобро.

Google сепак вложува големи напори како би го решил прашањето околу сигурноста кај Android, a и некој произведувачи како што е Samsung Electronics работат на тоа нивните уреди да бидат спремни и сигурни за корпоративниот сектор.

По се изгледа дека напорите се исплателе бидејќи најновото истражување од страна на Tech Pro Research покажува дека значително се зголемило прифаќањето на Samsung уредите во комапниите во последните неколку години.

Knox сигурносното решение на Samsung за мобилни уреди сигурно допринесе во тоа, а Knox 2.6 е прогласен од страна на Gartner за „Strongest Mobile Security Platform“. Дури 62% од испитаницитe признале дека користат Samsung уред во своите компании, додека 67% од испитаниците изјавиле дека некогаш користеле Apple.

Сепак 30% од испитаниците во наведеното истражување ја опишуваат понудата на Samsung како одлична или многу добра, додека 51% од испитаниците дале таква оцена за Apple.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!